Британија мора да врати над 50 свои дипломати од Русија

Русија ѝ порачала на Велика Британија да повлече „нешто повеќе од 50 дипломати и технички персонал“ по спорот во врска со труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал за што Лондон поддржан од западните сојузници ја обвинува Москва, којашто одлучно ја негира својата вмешаност и вината ја префрла врз британските тајни служби.

Русија веќе презема реципрочни мерки против британската дипломатија, протерувајќи 23 дипломати и затворајќи го генералниот конзулат во Санкт Петербург и централата на Британскиот совет во Москва.

Британскот амбасадор Лоренс Бристоу во Москва во петокот повторно е повикан во руското министерство за надворешни работи каде што му е кажано дека Лондон има рок од еден месец да ги намали своето дипломатско претставништво на ниво на руското во Лондон.

Истовремено британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу повеќе часови во петокот вршеше претрес на авион на руската воздухопловна компанија „Аерофлот“ без за тоа да издаде некое соопштение.

Во саботата портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, изјави за Reuters дека тоа значи оти Британија ќе мора да го намали бројот на свој дипломатски персонал „за малку повеќе од 50“ во Русија како дополнение на 23-цата коишто веќе се протерани.

„Баравме паритет. Британија има 50 дипломати повеќе од Русија“, појаснила Захарова.

Русија протера 59 дипломати од 23 земји коишто се солидаризираа со Обединетото Кралство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.