Британија: Оставка на министерката за куктура поради неоправдани трошоци

Британската министерка за култура, медиуми и спорт Марија Милер (50) поднесе оставка откако беше критикувана бидејќи пречела во истрагата за своите службени трошоци.

„Сфатив дека сегашната ситуација ја отежнува виталната работа на оваа Влада за повторно придвижување на оваа земја,“ напиша Милер во писмо на премиерот Дејвид Камерун.

Одредени пратеници од партијата на Камерон го критикуваа премиерот поради односот кон оваа афера, откако го отфрли притисокот на медиумите да ја смени Милер.Нејзе и е наредено во државната каса да врати 5800 фунти кои неоправдано ги земала на име службени трошоци и да се извини во парламентот.

Медиумите пишуваат дека ова прашање може да нанесе штета на Конзервативната партија на Камерон, пред изборите за Европски парламент следниот месец. Во прогнозата се наведува дека конзервативците би можеле да завршат на трето место, зад антиевропски ориентираната Британска партија за независност.