Британија предупредува: Не одете во Турција, можни се напади

Владата на Велика Британија ги предупреди своите граѓани дека во Турција постои голема опасност од терористички напади, поради што ги советува да ја избегнуваат оваа земја.

Во соопштението на владата се предупредува дека со заминувањето на популарните туристички локации се изложуваат на потенцијални терористички напади, пренесуваат британските медиуми.

На туристите им се советува да ги избегнуваат големите гужви во градовите како Истанбул и потсетува дека во таа земја претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 24 јуни, што може да покрене бројни протести ширум земјата.

Британската влада предупреди да не се патува во местата кои се наоѓаат на 10 километри од Сирија, како и тоа дека се можни терористички напади на југот и истокот на земјата, во Анкара и Истанбул.

Терористичките групи, вклучувајќи го ИСИЛ и ТАК, јавно се закани со напади на познатите туристички локации, се наведува во соопштението и се додава дека најмногу е загрозен авиосообраќајот, поради што на британските државјани им се советува во целост да соработуваат со вработените на аеродромите.

Бидете внимателни, следете ги советите на локалните органи за безбедност, следете ги медиумските извештаи и продолжете со ажурирањето на ова советување за патувањето, се наведува во соопштението на Форин офис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.