Британија рекордни две седмици без јаглен во производството на струја

Велика Британија не користела јаглен за производство на електрична енергија две седмици, најдолго од 80-те години од XIX век, објави во петокот операторот со електродистрибуцискиот систем ESO.

Јагленот последен пат бил користен за производство на електрична енергија на 17-ти мај во 15 часот и 12 минути, соопштиле од Националниот оператор за управување со дистрибуциските мрежи (ESO), пренесува британскиот јавен сервис BBC.

Имајќи предвид дека на термоцентралите на јаглен им се потребни шест часа да се загреат, во ESO знаат дека јагленот нема да се користи за производство на струја две седмици, почнувајќи од 17-ти мај.

Со тоа Британија го надминала досегашниот рекорд, забележан на почетокот од месецов, кога јаглен не користела една седмица, што ќе претставува „нова нормала“, рекол притоа директорот на ESO, Финтан Слај.

Во мај, според Слај, надминат е и британскиот рекорд во користењето соларна енергија. Така, на 14-ти мај дури четвртина од електричната енергија е произведена со енергија од Сонцето, што е најмногу досега. „Нашата најзелена година досега беше 2018-та, а во 2019-та би можело да биде надмината“, истакнува челникот на ESO.

Бидејќи јагленот не се користел во изминатите две седмици, неговата улога ја преземале енергијата од ветерот, гасот, нуклеарната енергија, соларната и во одредена мерка онаа која се одбива од хидроенергетските избори, наведуваат од ESO.

„Велика Британија има најголем капацитет на ветроцентрали на море, можеме да намириме повеќе од четвртина од нашите потреби од електрична енергуија од енергијата од Сонцето. Минатата година повеќе од половината од нашата струја е произведена од извори со мал удел на јаглерод“, рече министерот за енергетика и чист раст Крис Скидмор.

Британската влада планира до 2025 година постепено да ги згасне преостанатите електрични централи на јаглен за да се намали емисијата на јалгерод диоксид, но Слај предупредува дека ги чека уште многу работа за да се оствари оваа цел. Истакнува, сепак, дека „работите се развиваат со неверојатна брина благодарајќи на засиленото приклучување на системот а обновливи извори“.

Првиот централизирин јавен генератор на електрична енергија на светот кој како погонско гориво користел јаглен, е отворен во 1882 година на вијадуктот Холборн во Лондон.