Британските пратеници во вторникот вечерта со убедливо мнозинство го отфрлија планот за излегувањето од Европската унија на премиерката Тереза Меј, предизвикувајчи политичка неизвесност која може да доведе до брегзит без договор, па дури и до повлекување на референдумските резултати и одлуката од 2016-та за истапувањето од челнството во ЕУ.
„Гласот против овој договор е глас за несигурнсот, подделби и многу реален ризик од брегзит без договор или брегзит воопшто да нема“, порача Меј пред пратениците на крајот од петдневната седница по што нејзиниот договор со Брисел од ноември 2018-та го поддржаа 202 пратеници, а го отфрлија 432 пратеници.
Како и што се очекуваше, челникот на опозициските лабуристи Џереми Корбин, веднаш по гласањето поднесе барање за гласање недоверба на владата на Меј за што треба да се гласа во рок од 24 часа. Корбин потенцираше дека исходот од гласањето е „катастрофален“ за Меј и оти покажува дека двете години преговори за брегзит биле неуспешни.
Челниците на Европската унија, исто така, веднаш се огласија и предупредија дека исходот од гласањето во британскиот парламент носи опасност од хаотичен брегзит
„Ризикот од неуредено излегување се зголеми по вечерашново гласање“, рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јунекр.
„Доколку договор е невозможен, а нико не сака брегзит без договор, кој тогаш на крајот ќе има храброст и ќе каже кој е едиснтвеното позитивно решение?“, праша на Twitter претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск.
Убедливиот пораз на премеирката Тереза Меј претставува целосен слом на нејзината двегодишна стратегија да се обиде да издејствува пријателско раздружување со задржување на тесни врски со ЕУ, откако Обединетото Кралство ќе истапи од членството на 29-ти март/