Британија во криза, го бара планот Б

Британската премиерка Тереа Меј во четвртокот ќе се сретне со политичката елита во земјата во обидот да пронајде излез од ќорсокакот во кој западна околу планот за напуштањето на Обединетото Кралство на Европската унија (ткн брегзит), иако засега нема знаци дека е можен компромис.

Откако седумнаесетмесечните преговори и настојувања на британската премиерка Тереза Меј со ЕУ да се раздружи на уреден и договорен начин пропадна во парламентот во најголемиот пораз кој го претрпел еден британски челник во поновата историја, таа ги повика партиските челници да ги остават настрана своите интереси за да се најде начин како да се тргне натаму во процесот. По отфрлањето на договорениот план за радружувањето со ЕУ, премиерката до понеделник има рок пред парламентот да го претстави „планот Б“.

Доколку Меј не успеее да постигне консензус, петтата според обемот најголема светска економија ќе излезе од Европската унија ноќта на 29-ти март без договор или ќе биде принудена тоа да го одложи, а можно е и да оди на предвремени парламентарни избори, па дури и на нов референдум за членството во ЕУ. Меј решително ја одбива можноста за нови избори и предупредува дека уште еден референдум би ја поткопал вербата во демократиајта кај 17,4 милиони луѓе кои во јуни 2016 година на плебисцитот гласале за излегување од ЕУ.

„Мислам дека мојата должноста е да ја спроведам одлуката на британскиот народ да ја напушти ЕУ. И тоа имам намера да го сторам. Ги повикувам пратениците од сите партии да се обединат за да изнајдеме пат нанапред. Сега е време да ги оставиме настрана сопствените интереси“, порача Меј.

Главниот опозициски челник, претседателот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, одби да учествува во преговорите се` додека брегзитот без договор не биде исклучен како можна опција. Тоа покажува, од своја страна, дека задачата на премиерката Тереза Меј може да биде извонредно тешка.

„Пред одржувањето на какви и да се позитивни раговори за напредокот, владата мора јасно да ја отстрани, еднаш засекогаш, можноста за катастрофата којашто би ја донел брегзитот без договор и целиот хаос кој би настапил потоа“, рече Корбин.

Еден од првенците на владејачката Конзервативна партија, Брендон Луис, порача во четвртокот дека Велика Британија не може да остане во сегашната царинска унија со ЕУ, бидејќи сега приоритет се склучувањата меѓународни трговски договори по брегзитот. Луис најави дека во денеска ќе се сретнат повисоките членови на владата и парламентот во обидот да изнајдат компромисен договор за брегзитот. Но тој ги исклучи децидно останувањето во царинската унија и втор референдум за членството во ЕУ.

„Како низа принципи, една од работите коишто би морале да ги направиме… е можноста за меѓународни трговски договори, можноста за глобална трговија ширум светот, како и независна терговска политика, што значи дека не можеме да останеме во сегашната царинска унија со ЕУ. Денеска ќе има многу средби меѓу министрите и колегите од долниот дом. Ќе слушнеме што народот има да каже“, рече конзервативецот Луис за радиото BBC.