Британка починала од студ откако не можела да си дозволи греење

велика бВозрасна жителка на Велика Британија, која рекла дека не можела да си дозволи греење на домот починала откако развила хипотермија претходно месецов, објави во средата весникот The Daily Mail повикувајќи се на извори од истрагата.

Барбара Болтон, на 87-годишна возраст, била примена во болницата во Ферфилд ланскиот 11-ти декември со хипотермија и со инфекција на белите дробови, а починала на 5-ти јануари, откако семејството се согласило да биде исклучена од апаратите за одржување во животот.

Минатата седмица била отворена истрага за нејзината смрт, нејзиното болничко досие наводно покажало дека таа е последица на тоа што жената не можела да си дозволи да го вклучи греењето во свој дом.

Од одделот за судска медицина во областа Северен Манчестер ја одложил истрагата и побарал изјава од нејзиниот лекар и побарал да биде обезбедена документацијата за медицинските причини за смртта.

„Нејзината смрт била значително забрзана од хипотермија и постои можноста дека била запоставена поради недостигот од греење, на нејзината смрт ја истражува судската медицина“, изјавила патологот Џули Мичел.

Хипотермијата е предизвикана од долготрајно изложување на многу ниски температури  и бара итна медицинска интервенција. Причините за појавата на оваа состојба вклучуваат и неносење топла облека во зима, пад во студена вода или живеење во незатоплени простории, се појаснува во прилогот на весникот.

По известувањето за отворањето на истрагата, синот на несреќната жена изјавил дека семејството секојдневно контактирало и се грижело за неа, но се наведува дека следните месеци судскиот патолог ќе ја заврши истрагата за причините кои довеле до смртта на жената.

Претходно седмицава британските медиуми објавија дека 63 отсто од возрасните Британци почнале да трошат помалку гас и струја, додека 96 отсто од анкетираните изјавиле дека поретко го вклучуваат греењето во домот. На прашањето какви мерки преземаат да се загреат, 82 отсто од испитаниците одговориле дека во својот дом се облекуваат потопло или седат покриени со ќебиња, 46 отсто дека ја загреваат просторијата во којашто престојуваат, а 27 отсто рекле дека си легнуваат порано. Се наведува дека секој трет испитаник, или 34 отсто, рекол дека заштедата на греењето има негативно влијание врз здравјето или врз нивната благосостојба.