Британска влада најави околу 30 милиони дози вакцини до средината на септември

Триесет милиони вакцини би можело да бидат достапни до средината на септември доколку вакцината произведена на Универзитетот Оксфорд се покаже како добра, објавува британската влада.

Тим научници развиваат вакцина против Ковид – 19 а која се темели на генетска манипулација на обичниот вирус од настинка од кој најчесто погодени се шимпанзата. Во неделата беше одржана конференција за медиуми на која британскиот министер за меѓународен развој, Алок Шарм изјави дека првите тестирања на вакцината поминале многу добро.

Всушност, во првата фаза од тестирањето ќе бидат опфатени доброволци кои претходната недела ја примиле првата доза од потенцијалното решение на проблемот кој го создава корона вирусот, пишува „Скај Њуз“.

Вакцината има официјална ознака како „ChAdOx1 nCoV-19“, а тестирањата започнале на 24. април.Сега се настојува да се докаже дали истата може да делува и кај луѓето во борбата против корона вирусот.