Британската кралица му додели титула „барон од Сибир“ на синот на руски бизнисмен

Евгениј Лебедев, сопственик на британските дневни весници Evening Standard и Independent.

Британската кралица Елизабета Втора му ја додели титулата барон (лорд) од Хемптон и Сибир на бизнисменот и издавач Евгениј Лебедев, со што станува член на Домот на лордовите на британскиот парламент, а тутулата е одраз на местото на кое живее и неговите руски корени, соопшти британскиот владини билтен.

Неговата целосна титула гласи „барон Лебедев од Хемптон во лондонската област Ричмонд на Темза и од Сибир во Руската Федерација.

„Кралицата беше одушевена од доделувањето на грамотата за заслуги, потврдена со Големиот државен печат, со која му ја додели доживотната титула барон на Обединетото Кралство на Евгениј Александрович Лебедев под називот барон Лебедев…“, се наведува во соопштението.

Лебедев ќе стане првата личност од Русија кој ќе стане доживотен член на Домот на лордовите на Британскиот парламент. Титулата му е доделена за неговите заслуги во развојот на медиумската индустрија и ангажирањето во добротворни цели.

Четириесетгодишниот Евгениј Лебедев е син на рускиот претприемач Александар Лебедев, во чија сопственост е компанијата „ Lebedev Holdings Ltd“ којашто ги издава британските дневни весници Evening Standard и Independent.

Британските медиуми претходно пишуваа дека младиот Лебедев сакал во титилата да се содржи одредницата „Москва“, но според правилата за титулирање одобрение за користење на странски географски топоним мора да даде владата на соодветната земја. Други поединости не се дадени.

Бројот на членовите на Домот на лордовите не е ограничен, и во него моментално има 800 членови. Формално, тоа е горниот дом на Британскиот парламент, но нема овластувања да ги отфрла предлог-законите доколку тие бидат одобрени во Долниот дом. Но истовремено, неговите членови можат значителнио да го одложат усвојувањето на некој закон, па дури и да ги убедуваат пратеници во Долниот дом да го ревидираат односниот документ.

За разлика од избраните челнови на Долниот дом, членовите на Домот на лордовите се именуваат од британската кралица по препорака на премирот, а во случајот на Евгениј Лебедев тоа беше конзервативецот Борис Џонсон. Постои и релативно мала група наследни лордови.