Британската кралица се евакуира од Лондон

(AP Photo/Kirsty Wigglesworth)

Британаската кралица Елизабета Втора ги откажа забавите во градината на Бакингемскиот дворец во Лондон и во четврток ќе го напушти главниот град и ќе замине во дворецот Виндзор поради пандемијата од коронавирусот, соопшти во вторникот кралското семејство.

Неколку состаноци во Бакигнемскиот дворец оваа седмица, вклучително и ауденцијата кај кралицата со премиерот Борис Џонсон, ќе се одржат според планираното, се наведува во соопштението.

„Нејзиното Величество ќе се пресели во четврток на 19-ти март во дворецот Виндзор за Велигденските празници, една седмица порано отколку што беше планирано. Кралицата таму веројатно ќе остане и по Велигден“, објави дворецот.

Дворецот Виндзор се наоѓа во грофовијата Беркшир, на југоистокот од Англија.

Плановите на 93-годишната британска кралица се променети „како разумна мерка на претпазливост и од практични причини во сегашните околности“, се појаснува во соопштението.

Дворецот „во консултацијата со владата“ подоцна ќе објави што ќе се случува со традиционалната годишна воена парада „Trooping the Colour“ којашто се одржува во јуни по повод роденденот на кралицата Елизабета Втора, потоа одбележувањето на 75-годишнината на Денот на победата над фашизмот во европа и планираната државна посета на јапонскиот цар Нарухито.

Претходно во петокот Бакингемскиот дворец објави дека кралицата ги одложила посетите северозападна Англија и на северен Лондон, кои беа планирани за оваа седмица.

Седумдесет и едногодишниот принц Чарлс, исто така, ги одложи планираните пролетни посети на Босна и Херцеговина, Кипар и на Јапонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.