Британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив

36
040730-N-1234E-002 Groton, Conn. (July 30, 2004) - The nationÕs newest and most advanced nuclear-powered attack submarine and the lead ship of its class, PCU Virginia (SSN 774) returns to the General Dynamics Electric Boat shipyard following the successful completion of its first voyage in open seas called "alpha" sea trials. Virginia is the NavyÕs only major combatant ready to join the fleet that was designed with the post-Cold War security environment in mind and embodies the war fighting and operational capabilities required to dominate the littorals while maintaining undersea dominance in the open ocean. Virginia and the rest of the ships of its class are designed specifically to incorporate emergent technologies that will provide new capabilities to meet new threats. Virginia will be delivered to the U.S. Navy this fall. U.S. Navy photo by General Dynamics Electric Boat (RELEASED)

Британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив, откако Иран заплени британски нафтен танкер.

Британски „Експрес“ објави дека подморницата ќе има одбранбена улога, користејќи ја својата софистицирана опрема за собирање разузнавачки податоци.

Подморницата од класа Астуте една од најновите, тешка е 7.400 тони, може да регистрира движење и пренос на глас до 200 милји, нејзината опрема може да ги пресретне и да ги преземе сите разговори, а во неа како дел од екипажот се и специјалисти лингвисти.

Весникот наведува дека фокусот ќе биде насочен кон иранското пристаниште Бандар Абас, во кое се наоѓа британскиот танкер „Стена Имперо“ со 23 членови на екипажот.

Иран објасни дека на 20 јули британскиот танкер „Стена Имперо” бил запленет поради учество во судар со ирански рибарски брод. Британскиот танкер наводно, го оштетил рибарскиот брод и потоа не одговорил на повикот на малиот брод за тревога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.