Британската влада ја замрзнува висината на претплатата за BBC

Британската влада соопшти дека на две години ја замрзнува висината на аудиовизуелната такса и генерално го доведе во прашање таквиот начин на финансирање на јавниот радиодифузер BBC, што е оценето како политички напад во моментот кога владата на премиерот Борис Џонсон е прозивана поради низа скандали.

„BBC е голема национална институција којашто има единствено место во нашето културно наследство (…), но во моментот кога семејствата се борат со голем раст на животните трошоци, не можеме тукутака од домаќинствата коишто тешко работат да бараме да плаќаат уште поголеме телевизиска такса“, изјави во парлементот министерката за култура Надин Дориес.

Најави дека висината на таксата, којашто BBC сака да ја зголеми на 180 фунти, ќе биде замрзната на 159 фунти (190 евра) до 2024 година, а потоа „ќе се зголемува во усогласеност со инфлацијата во следните четири години“. Дориес претходно викендот на Twitter навести дека во 2027 година сака да ја укине аудиовизуелната претплата.

Ваквата мерка крена бура, бидејќи BBC е институција во Велика Британија којашто минува низ чувствителен период, притисната меѓу настојувањата да привлече помлада публика, острите критики од власта поради недостиг од објективност и намалување на буџетот кој последните повеќе години доведе до големо кастрење на трошиците и отпуштања на кадарот.

Ричард Шарп, претседател на аудиовизуелната групација и Тим Дејви, извршен директор, во соопштение наведоа дека се „разочарани“ и истакнаа дека претплата го одразува „најдобриот сооднос на квалитетот и цената“.

Британските медиуми пишуваат дека оваа одлука е дел од мерките кои имаат популистички акцент кои на премиерот Борис Џонсон треба да му овозможат да ги придобие гласовите од конзервативната база. Џонсон ја преживува најголемата криза откако дојде на власт летото 2019 година, откако се појавија сознанија дека во владината резиденција во Даунинг Стрит 10 редовно се организирале пијанки во периодот кога целата Велика Британија беше под најстрогите мерки за „затворање“ поради пандемијата на коронавирусот.