Британската влада нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 68 години

Британската влада денеска соопшти дека во овој момент нема намера да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија на 68 години.

„Сегашните услови за зголемување од 67 на 68 (години) нема да се променат и владата нема намера да ги менува постојните закони пред завршувањето на наредната ревизија“, рече државниот секретар за работа и пензии Мел Страјд.

Во моментов, најрана возраст кога Британците можат да почнат да примаат пензија од јавните фондови е 66 години.

Предвидено е старосната граница да се зголеми на 67 години меѓу 2026 и 2028 година, а потоа на 68 години меѓу 2044 и 2046 година.