Британската влада одбива повторно воведување ковид-мерки, го потврдува ширењето на новиот сој

Британската влада во средата ги одби сѐ погласните апели повторно да воведе епидемиолошки мерки против ширењето на коронавирусот, како што се носењето маски на затворено, решавајќи се предност да им даде на вакцинирањето и новите лекови, а истовремено министерот за здравство Саџид Џавид призна дека во земјата се шири новата мутација на делта варијантата на вирусот.

Во средата во Велика Британија повторно се регистрирани близу 50.000 новозаразени, што е вторпат оваа седмица да се достигне толки висок показател, па министерот Џавид оцени дека бројката би можела да се искачи на 100.000 новозаразени во еден ден.

Бројот на починатите од почетокот на пандемијата изнесува 139.000, што е најмногу во Европа по Русија во конкретни бројки.

Здружението на вработените во здравството понара „брзо“ воведува мерки поради големата стапка на заразеност, меѓу нависоките во светот, порди што се стравува од преоптовареност на болничкиот систем.

Министерот за здравство Саџид Џавид кој е под притисок на јавноста пред новинарите предупреди дека бројот на новозаразените „би можел да се искачи на 100.000 на ден“ и призна дека расте притисокот врз болнциите, каде секој ден се примаат по речиси 1.000 пациенти заболени од Covid-19.

Меѓутоа, „не планираме да воведуваме план Б“ кој предвидува можно враќање на маските во затворените простори, поттикнување работа од дома и здравствени пропусници, истакан Џавид. Повтори дека вакцинирањето и натаму е „првата линија на одбраната“, истакнувајќи дека владата „се подготвува за сите можности“ и „нема да се колеба да дејствува“ доколку ситуацијата во болниците стане „неиздржлива“.

Планот А, како што беше објавено претходно, претпоставува ревакцинација на лицата кои се потполно цакцинирани, за да се зголеми имунитетот кај најризичните групи во популацијата.

До средата во Велика Британија потполно се вакцинирани над 45 милиони жители, што е 79 отсто од популацијата повозрасна од 12 години. Стручњаците го појаснуваат растечкиот број на новите зарази со тоа што имунитетот кај луѓето, кои се вакцинирале во раните етапи од иминузацијата а тие започнаа меѓу првите во светот кон крајот на минатата 2020 година, веќе поченале да ослабуваат.

Владата на премиерот Борис Џонсон во јули во Англија ги укина повеќето рестрикции поради сузбивање на коронаинфекциите по долготрајното затворање во текот на зимата. Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои самостојно одлучуваат за својата здравствена политика, и натаму бараат на затворено да се носат маски. Англиската либерална политика е дел од хипотезите со кои се толкува сегашното ширење на заразата меѓу помладите лица. Покрај тоа, се наведува и малата стапка на вакцинираност меѓу малолетниците.

Министерот Џавид во средата призна и дека во земјата значително се шири новиот подвид на делта варијанта на коронавирусот.

Претходно весникот The Financial Times повикувајќи се на научници обајви дека подвидот именуван како AY4.2 може да биде позаразен за 10 до 15 отсто од изворната делта варијанта. Со тоа, тоа би можела да стане најзаразната мутација од почетокот на пандемијата, а стручњаците сметаат дека таа веројатно е и одговорна за зголемувањето на инциденцата на Covid-19 во Велика Британија. Подвидот AY4,2 е веќе секвенциониран кај 10 тосто од новите случаи на заразите во земјата, а неговиот удел расте многу брозо откако е идентификуван.

„Иако во моментов нема причина да се верува дека AY4.2 е поопасен, но што би било следната варијанта која би можела да биде поопасна? Мора да бидеме подготвени“, рече на прес-конференцијата министерот Џавид.