Британската влада падна во криза, двајца министри поднесоа оставки

Britain's Prime Minister Boris Johnson comes out to greet Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu outside 10 Downing Street in central London on September 5, 2019. - UK Prime Minister Boris Johnson called Thursday for an early election after a series of votes in parliament tore up his hardline Brexit stance and left him without a majority. (Photo by DANIEL LEAL-OLIVAS / AFP) (Photo credit should read DANIEL LEAL-OLIVAS/AFP/Getty Images)

Двајца од највисоките министри во британската влада. Министерот за здравство Саид Џавид и министерот за финансии Риши Сунак, ги објавија своите оставки во вторникот, што ја втурна владата на Џонсон во криза и што може да го означи крајот на лидерството на премиерот Борис Џонсон по скандалот од пред неколку месеци.

„Сепак, со жалење можам да кажам дека ми е јасно оти оваа ситуација нема да се промени под ваше водство – и затоа ја изгубивте мојата доверба“, рече Џавид во писмото до Џонсон (ЕПА).

Џавид рече дека ја изгубил довербата во способноста на Џонсон да владее во националниот интерес по серијата скандали, велејќи дека „повеќе не може да продолжи со чиста совест“.
Тој рече дека многу пратеници и јавноста ја изгубиле довербата во способноста на Џонсон да владее во националниот интерес.

Обата министри претходно јавно го поддржаа Џонсон за време на повеќемесечниот скандал околу однесувањето на неговата администрација и информациите за забавите во неговата канцеларија и резиденција за време на карантинот поради ковид-19.

Како што пишува Ројтерс, тоа е нешто што изгледа како последен удар за премиерот Борис Џонсон, кој се обиде да се извини поради најновиот скандал поврзан со обвинувањата за претходно сексуално недолично однесување на еден од неговите министри.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Кир Стармер рече дека е јасно дека со овие случки се урива владата на премиерот Борис Џонсон.

„По сите лигавења, скандали и неуспеси, јасно е дека оваа влада паѓа“, рече Стармер во соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.