Британски Channel 4 најави гласање на гледачите за уништување на слика на Хитлер

Британскиот телевизиски канал Channel 4 жестоко е критикуван поради најавените планови за нова емисија во којашто од публиката во студиото имаат намера да бараат да се решат дали сликата којашто ја насликал германскиот нацистички водач Адолф Хитлер да биде уништена.

Каналот откупил уметнички дела од многу ткн „проблематични“ уметници, меѓу кои како што пишуваат британските медиуми се и слика на славниот шпански уметник Пабло Пикасо, потоа дело на осудениот педофил Ролф Харис и сексуалниот напасник Ерик Џил.

Емисијата е замислена водителот Џими Кар да води дискусија со гледачите во студиото за тоа дали е можно уметничкото дело да се одвои од неговиот автор. Со сценариото се предвидува публиката на крајот да гласа дали водителот ќе го уништи уметничкото дело.

Доколку гледачите решат да биде уништена сликата на Хитлер, таа веднаш ќе биде искината, изјавил за CNN портпаролот на Channel 4, додавајќи дека другите уметнички дела во емисијата „би можело да бидат спалени со фрлач на пламен“.

Меѓутоа, најавените планови за емисијата „Џими Кар ја уништува уметноста“, која би требало да биде емитувана на 24-ти октомври, предизвика остри критики од јавноста. Така, фондацијата „Денот на сеќавање на холокаустот“ ги обвини авторите на емисијата дека „Хитлер го правата главна тема на лесната забава“.

„Нема ништо забавно ниту смешно во Хитлер, а ниту во убиството на шест милиони Евреи и прогонството на уште милиони. Ова е исклучително несоодветно, а во време кога сѐ повеќе се искривуваат податоците за холокаустот, опасно се тривијализира целата работа“, изјавила за CNN директорката на фондацијата, Оливија Маркс-Волдман.

Во изјавата за CNN уредништвото на Channel 4 се обидува да го оправда емитувањето на емисијата, нарекувајќи ја „промислено и нијансирано истражување на границите на слободното истражување и уметноста, како и обидот да се дознае дали делата на морално презрените уметници го заслужуваат вниманието на посетителите и публиката“.

Портпаролот на Channel 4 на интернет страницата на каналот пишува дека целта на проектот е „да се тестираат границите и да се предизвикаат конвенционалните ставови“, но Марск-Волдман мисли дека со таквото објаснување „не може да се оправда тривијализирањето на ужасите на нацизмот“.

„Важно прашање е во колкава мера уметноста може да биде поврзана со својот креатор, но целта на овој проект е да шокира“, се додава.

Контроверзен е и изборот на Кар како домаќин на телевизијата. Имено, овој водител претходно годинава е осуден поради шега за Ромите убиени во текот на Втората светска војна.

„Изборот на Џими Кар за водител на оваа емисија намерно е провокативен и подбуцнивачки“, смета Марск-Волдман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.