Британски дипломат се самоуби во Романија?

Британски дипломат во Романија починал откако паднал од последниот кат на хотел во северниот град Баја Маре. Според романските медиуми, дипломатот извршил самоубиство, пренесува „АФП“.

Од британското Министерство за надворешни работи потврдија дека загинатиот бил член на дипломатскиот состав на британската амбасада во Романија, но одби да даде повеќе детали.

Според локалната полиција 46-годишниот маж е паднал од последниот кат на хотел во Баја Маре, откако оставил проштално писмо.