Британски дуќан ги забрани божикните хитови поради здравје на персоналот

Британскиот дуќан „The York Gin“ одлучи да ги забрани модерните божикни хитови во просториите на продавницата поради моралната добробит на своите вработени.

Шефицата на продавницата, Ема Годивала, појасни дека смета оти модерните божикни хитови би можеле да им ги расипат празниците на вработените, бидејќи би ги принудило во текот на работното време да го слушаат секојдневно и по осум часа.

Годивала додава дека верува оти муштериите со радост ќе ја поздрават промената, особено имајќи предвид дека повеќето трговци во дуќаните веќе почнале со емитување на вообичаените божикни хитови. Вели и дека ѝ се чини оти ваквата модерна музика во ниеден случај не е соодветна за продавница сместена во објект од XVI век од периодот на династијата Тјудор.

„Без сомнение, Божик на сите ни е мил, но модерните божикни хитови не мислиме да ги пуштаме во овој простор. Малку експериментиравме. Испробавме разни музички жанровии сфативме дека ни одговара сѐ снимено до шеесетите години од минатиот век. Значи, сѐ друго е забрането. А персоналот е многу среќен поради оваа одлука. Ми кажаа дека нивните колеги од другите продавници веќе ‘полуделе’ поради истите божикни хитови кои се вратат без престан“, појаснува Годивала.

Шефицата додава дека, сепак, би имало исклучоци во некои случаи.

„Исклучок би бил кога во нашиот дуќан би се појавила Мараја Кери. Тогаш би направиле исклучот, би ја пренабрегнале забраната и накусо би ја пуштиле „All I Want For Christmas is You’“, вели Годивала.

Истакнува дека тоа не значи дека во дуќанот нема да има божикна атмосфера, и ќе бидат емитувани од сезонски балети како „Оревокршачка“ и божикните класици во изведби на Бинг Крозби, Френк Синатра и Ела Фицџералд.

„Во секој случај, листата песни за репродукција е доволно долга што никој нема да слушне иста божикна песна почесто од двапати во неделата“, порачува менаџерката Сенди Танер-Смит.