Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Вакцинираните против Ковид-19 треба да продоложат да ги следат мерките за „локдаун“ бидејќи може да го пренесат вирусот и на други лица, предупредува главниот британски специјалист за грип, професорото Џонатан Ван-Там.

Појаснува дека научниците сѐ уште не го знаат влијанието на вакцината врз трансмисијата. Тој вели дека вакцините нудат надеж, но оти стапките на инфекции мора брзо да се намалат.

Ван-Там рече дека ниту една вакцина никогаш не била 100 отсто ефикасна, така што нема гарантна заштита.

Предупреди дека е можно некој повторно да се зарази во вирусот две до три недели откако ќе ја прими вакцината.

„ Дури и откако ќе ги примите и двете дози на вакцината, сепак може да му пренесете Ковид-19 на некој друг и синџирите на пренесување ќе продолжат. Ако го промените однесувањето, се уште би можеле да го ширите вирусот, да го одржувате високиот број на случаи и да ги изложувате на ризик другите, на кои исто така им е потребна вакцината, но се подолу во редот за вакцинација“ нагласува професорот Ван-Там.

Докторите ги повикаа здравствените власти во Англија да го намалат јазот помеѓу првата и втората доза на вакцината Фајзер-БионТех. Максималното чекање беше продолжено од три на 12 недели со цел да се добие првата доза на повеќе луѓе низ Велика Британија.

Но, Британското лекарско здружение соопшти дека политиката е „тешко да се оправда“ и дека јазот треба да се намали на шест недели, бидејќи постои загриженост дека вакцината може да стане помалку ефикасна.