Британски комуналци на депонија најдоа кутија со 15.000 фунти

Вработените во центарот за рециклирање отпад во британскиот град Мидсомер Нортон ги вратиле пронајдените 15.000 илјади фунти на брачна двојка која случајно ја фрлила кутијата со пари, соопшти локалната полиција.

Соопштението за невообичаеното откритие на комуналните работници во полицијата на грофовијата Сомерсет и Авон било проследено уште во номеври, но полицијата ја објавува оваа информација по еден месец.

Вработените во центарот за рециклирање во Мидсомер Нортон, кои се занимавале со собирање и обработка на отпадот, налетале на кутија со уреди за домаќинство, во која била сокриена друга кутија, во којашто, како што се покажало подоцна, биле парите.

Полицијата прегледувајќи ги снимките од надзорните камери ги идентификувала лицата кои ја фрлиле кутијата. Тие рекле дека го чистеле домот во кој живеел неодамна починат нивен роднина и однеле неколку пакети со предмети до пункт за рециклирање.

„Рекоа дека нивниот роднина бил познат по тоа што парите ги криел на невообичаени места во својот дом, но и покрај тоа беа многу изненадени од деталите за најдените 15.000 фунти во готовина“, соопшти полицијата на Facebook.

Полицијата, исто така, им се заблагодарува на вработените во центарот за рециклирање, за „внимателноста, пристојноста и помошта без кои семејството никогаш не би дознало за парите“, и оти полицијата без нив „никогаш не би можела да им ги врати навреме за Божик“bizarno