Британски медиуми: На Тереза Меј ѝ се заканува гласање на недоверба уште во вторник

Неколку пратеници од Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј, соопштија дека поднеле писмо за гласање недоверба на премиерката, а лондонските медиуми очекуваат во текот на денот да бидат предадени неопходни 48 писма за да се покрене постапката.

Лондонски „Телеграф“ јави дека, со очекување до крајот на денот да бидат предадени 48 писма, гласањето на недоверба на владата би можело да се изврши уште во вторник.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.