Британски научник постигнал напредок во наоѓањето вакцина против коронавирусот

Водечкиот британски научник Робин Шеток постигнал значаен успех во трката за наоѓање вакцина против новиот коронавирус 2019-nCoV, откако го намалил вообичаеното време на една од фазите за развој на вакцината од „две до три години на само 14 дена“, извеси Sky News.

Робин Шеток, шеф на одделот за слузни инфекции и имунитет на универзитетот Империјал Колеџ во Лондон, изјавил дека следната седмица требва да започне со тестирање на вакцината врз живтони, како и дека доколку осигури доволно средства, летото ќе започне со испитување на влијанието на вакцината кај луѓето, објави Sky.

„Конвеционалните пристапи обично траат барем две до три години, пред лекот воопшто да дојде до клиничка фаза“, вели Шеток, додавајќи дека пробната вакцина е развиена во лабораторија „за само 14 дена“,

„До почетокот на следната седмица ќе имаме животински обрасци, Го скусивме патот. Следната фаза ќе биде преминување од животинските тестирањ на луѓе и мислам дека со соодветно финансирање тоа би можеле да го направиме во рок од неколку месеци“, додал британскиот научник.

Пронаоѓањето вакцина доаѓа предоцна за овој бран од заразата со новиот сој коронавирус, но ќе биде круцијален кога ќе наиде следниот бран, се забележува во прилогот на телевизијата.

Професорот Шеток е дел од научната група којашто силно се ангажира за пронаоѓање вакцина којашто потенцијално ќе спаси стотици човечки животи, доколку заразата од коронавирусот се претвори вопандемија.