Британски научник смета дека карантин една седмица порано би го преполовил бројот на жртвите од коронавирусот

Бројот на починатите како последица од коронавирусот во Велика Британија би можел да биде за половина помал, доколку карантинот бепе воведе една седмица порано, ијзави во средата епидемиологот Нил Фергусон, поранешен член на научната група која ја советува британската влада во здравствената криза.

Официјално од коронавирусот во Велика Британија починале повеќе од 40.000 луѓе, а кога ќе се пресметаат и лицата за кои се претпоставува дека биле заболени од Covid-19, оваа бројка надминува 50.000 лица.

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон го воведе карантинот на 23-ти март. Епидемиологот Нил Фергусон пред пратениците тврдеше дека Велика Британија ги преземала вистинските мерки против коронавирусот, но според него предоцна. Фергусон порача дека бројот на заразените се удвојувал на секои три до четири дена пред воведувањето на карантинот.

„Трабаше да ги воведеме карантинските мерки една седмица порано, и тогаш би го намалиле бројот на починатите за најмалку половина. Значи, иако мислам дека мерките се оправдани, бездруго, доколку ги воведовме порано, би имале помалку смртни случаи“, рече Фергусон.

Фергусон, кој е професор на лондонскиот Империјал колеџ, е автор на влијателниот модел според кој без воведувањето на рестриктивните мерки од коронавирусот би починале дури половина милион Британци. Неговата студија беше еден од главните поттикнувачи за премиерот Џонсон да воведе карантин, иако на почетокот се одлучи за полабав пристап, сличен на шведскиот.

„Процената, по воведувањето на карантинот, дека би можело да умрат 20.000 луѓе се покажа неточна, бидејќи штитениците на домовите за старите и немоќните не беа заштитени од вирусот“, рече Фергусон.

Фергусон истапи од Научната советничка група за вонредни состојби (SAGE), којашто има клучна улога во обликувањето на владините политики, откако во мај беше откриено дека повеќепати ги прекршил рестрикциите наметната поради епидемијата на коронавирусот, за да ја посети својата љубовница.