Британски професор: И Бугарија треба да се грижи за својата „слика“ пред останатите

66

Ако Бугарија сака да изгледа позитивно во очите на луѓето однадвор, позитивната промена на сликата треба да се случи прво внатре во самата земја, изјавил професорот Мајкл Холман, кој истакнал дека во моментов на просечниот Британец, Бугарија му останува во умот претежно како мрачно и непознато место, главно поврзано со негативни трендови.

Според британскиот професор, кој во 1966 година ја воведува обуката по бугарски јазик во „Лидс“ и е добитник на орденот „Стара Планина“, сликата за Бугарија е претежно негативна во Велика Британија, а за тоа клучна одговорност носат и медиумите.

„Концентрацијата на негативни наслови и статии, дури и во сериозни, а не жолти печати, се запечатува во главите на Британците и тоа во голема мера ја гради сликата за Бугарија на Островот. Овие наслови ќе престанат до февруари следната година, кога британскиот пазар веќе ќе е отворен и ќе е јасно какви се последиците од падот на ограничувањето“, изјавил професорот.

Според Холман, кој е оженет за Бугарка и посветува голем дел од својата академската кариера на истражувањето за Бугарија, контактите меѓу двете страни не се преголеми и тоа е пречка за меѓусебното добро познавање. Според него може да си претпоставува дека си ја заработил битката во британска средина, кога ќе престанат да се однесуваат со тебе како кон „Бугаринот“, туку ќе те прифатат како добар специјалист во твојата област.

„Тогаш веќе можеш да пристапиш повторно и по друг пат, за да ја претставиш и својата земја“, смета тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.