Британски тинејџери направиле хаос во Скопје – oдзеле такси возило, па удриле во банкина

43

Денеска (23.05.2022) во 05:45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија.

Околу 01:50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.