Британски весник „безрезервно“ ѝ се извини на Меланија Трамп

Членовите на уредништвото и на управата на британскиот дневен весник Daily Telegraph безрезервно ѝ се извинија на правата дама на САД, Меланија Трамп, и се согласија да исплатат отштета за написот објавен минатата седмица.

Во весникот велат дека отштетата ќе биде „значителна“ и ќе ги покрие адвокатските трошоци на сопругата на американскиот претседател. Во соопштението The Daily Telegraph наведува дека во сторијата од насловната страница под насловот „The Mystery of Melania“ се наишани многу неточни информации, пренесува во саботата BBC.

Меѓу нив е и податокот според кој професионалната манекенска кариера на актуелната прва дама на САД и не била премногу успешна, додека не го сретнала својот сегашен сопруг, како и тврдењето дека плачела во текот на изборната ноќ во ноември 2016 година.

Од управата на весникот велат дека овие податоци за Меланија Трамп не смееле да бидат објавени, и оти се подготвени да платат отштета.

Во написот објавен во саботното издание на The Daily Telegraph весникот објавива извинување и наведува дека г-ѓа Трамп „била успешна манекенка и модел и пред да го сретен сегашниот сопруг, какпо и дека успеала во кариерата без негова помош“.

Покрај тоа, британскиот весник се извинува и поради тоа што погрешно напишачл дека мајката, таткото и сестрата на сегашната г-ѓа Трамп во 2005 година се преселиле во Њујорк, како и дека живеат во зграда која е во сопственост на Доналд Трамп.

Во денешниот натпис се демантира и информацијата според којашто таткото на Меланија Трамп изгледал „застрашувачки“, како што претходно пишуваше весникот, и оти не бил строг кон челновите на своето семејство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.