Британскиот амбасадор во САД сепак ја напушта должноста

Британскиот амбасадор во САД, Ким Дарок (AP Photo/Sait Serkan Gurbuz)

Британскиот амбасадор во САД, Ким Дарок, одлучил да ја напушти својата должност по скандалот со протекувањето во медиуми на неговите оцена за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британското министерство за надворешни работи.

„По истекувањето на официјалните документи од амбасадата имаше многу шпекулации во врска со мојата позиција (по прашањето на односите со САД) и останувањето на позицијата амбасадор во преостанатиот дел од мојот мандат. Сакам да ставвам крај на овие шпекулации. Усложнетата ситуација го прави невозможно извршувањето на моите должности како што би сакал“, го цитира британскиот Форин офис соопштението на амбасадорот Дарок.

Жалење за осавката на амбасадорот во средата изрази премиерката Тереза Меј, чијашто влада во понеделникот сооопшти дека премиерката во заминување му дава „целосна поддршка“ на својот дипломат во Вашингтон.

„Утрово разговарав со сир Ким Дарок. Му го изразив своето огромно жалење поради тоа што тој смета дека е неопходно да ја напушти функцијата амбасадор во Вашингтон“, изјави Меј во Долниот дом на бритаснкиот парламент.

Премиерката потсети дека „целата влада му изразила поддршка на сир Ким во вторникот“. „Сир Ким го посвети целиот свој живот во служба на Обединетото Кралство. Должни сем да изразиме благодарност кон него“, додаде Меј.

Длабоко жалење поради оставката на амбасадорот, исто така, изрази и шефот на британската дипломатија, Џереми Хант, наведувајќи дека отсекогаш бил освојуван од „професионализмот и интелектот на Дарок“. „Јас сум збунет од истакувањето на извадоците од неговите извештаи“, додаде шефот на Форинг офисот.

Претходно во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше работата на британскиот амбасадор во САД, нарекувајќи го Дарок на својот профил на Twitter „снобовски глупак“.

„Не го познавам амбасадорот, но тој во САД никому не му се допаѓа и никој не мисли добро за него. Повеќе нема да се занимаваме со него“, напиша Трамп на Twitter, а во истата објава ја критикува британската премиерка на заминување Тереза Меј. „Какво безредие создадоа таа и нејзините претставници. Ѝ реков како тоа треба да го стори, но таа реши да оди по друг пат“, рече Трамп и порача дека за Британија „добра вест е дека наскоро ќе има нов премиер“.

Причина за ваквата жестока реакција на Трамп на адреса на амбасадорот Дарок и премиерката Меј беше објавувањето на делови од дипломатската преписка изминатиот викенд во весникот The Daily Mail испратена до претпоставените во министерството за надворешни работи. Во материјалите кои ги испратил во Лондон од 2017 година до неодамна се содржат описи на многу непријатни карактеристики на Дарок за челникот на Белата куќа и неговиот тим. Администрацијата на Трамп, британскиот амбасадор ја опишува како некомпетентна и беспомошна, а на претседателот му предвидува „срамен крај на неговата кариера“. Дарок, исто така, во дописите ја дозволува можноста дека „руските финансиери“ му позајмиле пари на Трамп или на членови од неговото семејство.