Британскиот гигант Би-Би-Си ќе дели откази

136

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си (BBC) денес најави дека ќе го намали бројот на вработени за 1.000.

Причина за оваа одлука е намалувањето на буџетот на компанијата за 150 милиони фунти поради намалениот број луѓе кои плаќаат претплата за телевизија.

Намалувањето на вработените најмногу ќе се почувствува во помошните и логистичките одделенија, додека во менаџментот ќе биде спроведена рационализација.

Директорот на Би-Би-Си, Тони Хол изјавил дека со ова ќе бидат заштедени речиси 50 милиони фунти, така што ќе бидат потребни и дополнителни мерки. Според него, во моментов околу 1 милион луѓе помалку имаат телевизор отколку во 2011, кога исто така биле спроведени мерки за штедење.

Хол нагласил дека во професионалните и помошните сектори, како што се ИТ секторот, човечките ресурси и техничката служба ќе бидат извршени строги контроли преку кои ќе се изврши увид дали во овие одделенија има непотребни удвојувања на работните места.

Би-Би-Си во моментов има преку 20 илјади вработени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.