Британскиот комичар Когито почина во текот на настап

Познатиот британски стенд-ап комичар Јан Когито починал во текот на шоуто на југот од Англија, пренесуваат локалните медиуми.

Службата за итна медицинска помош соопшти во петокот дека примила повик од барот „The Atic“ во Бистер во четвертокот вечерта „но за жал, пациентот починал на самото место“.

Гостинот во програмата Ендрју Бирд рекол за BBC дека Когито не се чиствувал добро пред излегувањето на сцената, но инсистирал дека шоуто мора да се одржи. Бирд додал дека 60-годишниот комичар дури се шегувал велејќи „замисли да умрам пред сите вас“.

Комичарот Џими Кер во твитот посветен на Когито, чиешто вистинско име е Пол Барбиери, напиша „Публиката мислеше дека тоа е дел од претставата. Умре на рабнота. Тоа е верност на комедијата“.

Колегата комичар Џек Вајтхол, исто така, му оддаде почест преку Twitter велејчи „Когито секогаш беше толку забавен, имаше сопствена митологија. Ма неговите настапи беа легендарни“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.