Британскиот парламент ќе се обиде да го блокира брегзитот без договор

Пратениците во британскиот парламент ќе се обидат во вторникот да го блокираат планот за излегување на Обединетото Кралство од Европската унија без договор кој го заговара премеирот Борис Џонсон, а кој има намера преку нови избори да го зголеми мнозинството на неговата Конзервативна партија.

Претходно во понеделникот премиерот Борис Џонсон имплицитно ги предупреди британските пратеници дека ќе бара предвремени избори, доколку парламентот го оневозможи спроведувањето на брегзитит. Џонсон вети дека Велика Британија ќе истапи до 31-ви октомври, со или без договор, а голема група парламентарци се противат на тоа, иако трипати годинава го отфрлија планот за раздружувањето на неговата претходничка Тереза Меј која таа го постигна со ЕУ.

Привремената коалиција меѓу опозициските пратеници и побунетите конзервативци ќе се обиде да го испористи првиот ден од заседанието во парламентот по летната пауза, за да се обидат да го блокираат брегзитот без договорот. Противниците на брегзитот без договор ќе предложат во вторникот гласање за преземање на контролата над дневниот ред во среда, за да го усвојот законот кој би го принудл премиерот Џонсон да побара тримесечно одложување на брегзитот.

Џонсон, пак, преку висок функционер најави дека ќе распише привремени парламентарни избори за 14-ти октомври, доколку неговата влада доживее пораз во парламентот, односно пратениците ја блокираат опцијата за излегување од ЕУ.

„Парламентарците би требало да гласаат, како и владата против бесмисленото одложување на (челникот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми) Корбин… Сакаме сите да знаат: не постојат услови под кои би го прашал Брисел за одложување. Излегуваме 31-ви октомври, нема компромиси“, рече Џонсон пред премеирскиот кабинет.

Џонсон изјави и дека бунтовниците во Конзервативната партија се „колаборационисти“ на ЕУ кои ги поткопуваат преговорите на неговата влада, Висок извор од владата, претходно во понеделникот за медиумите рече дека конзервативците кои ќе гласаат против владата ќе бидат исклучени од партијата. Според медиумите, 20 „ториевци“ во парламентот се подготвуваат да гласаат против владата, а меѓу нив е и поранешниот министер за финансии Фили Хамонд.

Но премиерот Џонсон има намера и да распише нови избори на кои се надева дека ќе го зголеми мнозинството на Конзервативната партија. За свикување нови избори потребна е поддршка од две третини од 650-те пратеници во долниот дом на британскиот парламент.

Од друга страна, пак, додека челникот на опозициските лабурсти Џереми Корбин изјави дека сака избори, некои членови во неговата партија се против одржување избори пред да биде обезбедено одложување на изборите.

Корбин во вторник ќе се сретне со претставнциите на другите опозициски партии за да разговараат за плановите за блокирање на брегзитот без договор, Претставниците на Либералните демократи, на Шкотската национална партија (SNP) и на велшките националисти Plaid Cymru, партијата Промени на ВБ и Зелената партија најавија пристуство на средбата.

Конзервативната влада на Џонсон има тенко мнозинство од само еден пратени, со помош на северноирска Демократска унионистичка партија (DPN), можно е планот на Џонсон да биде да се предизвикаат избори на коишто би се ослободил од побунетите конзервативци и би си обезбедил постабилно мнозинство.

„Се чини дека премиерот прави сѐ што може за да се случат избори, додека истворемено тврди дека тоа е последната работа којашто ја посакува“, изјавил за Reuters извор близок на конзервативните пратеници кои се против брегзитот без договор со Брисел.

По евентуалните избори, брегзитот без договор би бил поверојатен, според процената на аналитичарите на банката „JPMorgan“, бидејќи истражувањата на јавното мнение покажуваат дека Џонсон би бил победник на изборите.