Британскиот Парламент истражува луксузен одмор на премиерот Борис Џонсон

Британски парламентарен комитет почна истрага за луксузниот одмор на премиерот Борис Џонсон на Карибите за да се утврди кој го финансирал, пренесуваат британските медиуми.

Џонсон и неговата вереница Кери Сајмондс ја поминаа новогодишната ноќ на приватниот остров Мистик, во архипелагот Гренадини во Карипското Море.

Британскиот премиер претходно изјави дека бизнисменот Дејвид Рос, инаку донатор на неговата Конзервативна партија, го платил одморот во висина од 17.300 евра.

Меѓутоа, Рос првично негирал дека му ја дал сумата на Џонсон, тврдејќи дека тој не поседува вила на Карибите и само му помогнал на Џонсон да организира аранжман.

Неговиот портпарол подоцна рече дека станува збор за „плаќање во натура“. зш/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.