Британскиот парламент изгласа амандман за преземање контрола над брегзитот

Британските парламентарци изгласаа во понеделникот ноќта преземање контрола во Долниот дом (на општините) на парламентот над излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, во потегот без преседан со кој се сака да дојде до мнозинство за која и да е опција за брегзитот.

Со гласањето во кое 329 гласови беа „за“ а 302 беа „против“ амандманот кој го поддржаа пратениците од различни партии, владата на премиерката Тереза Меј доживеа уште еден пораз во парламентот. Тројца министри, Ричард Харингтон, Алистер Барт и Стив Брин, излегоа од владата сакајќи да гласаат за овој предлог.

Премиерката Тераза Меј се обиде да го спречи поразот нудејќи им на парламентарците серија гласања за алтернативниот брегзит, кој би го организирала владата. Според неа, овозможувањето парламентарците да ја преземат агендата во Долниот дом би воспоставл „преседан кој не е добредојден“. Таканаречените индикативни гласања би требало да се одржат во среда.

Според исходот од гласањето, парламентарците ќе можат да гласаат за серија опции, коишто веројатно ќе вклучуваат и гласање за „помек брегзит“, како и за нов референдум за напуштањето на ЕУ. Овие гласања се замислени како тестирање на волјата на парламентот за, ако ништо друго, барем да се виде што го води мнозинството.

Премиерката Тереза Меј рече дека не дава никакви гаранции дека таа ќе се придржува до одлуката на парламентарците. Меѓутоа, челникот на опозициските лабуристи Џереми Корбин, кој исто така го поддржа амандманот што го предложи конзервативецот Сер Оливер Летвин, рече дека владата „мора сериозно да го сфати процесот“, додавајќи дека „владата не успеа, како и дека овој Дом мора, а верувам, и сака да успее“. Според него, пратениците ќе сакаат да изнајдат консензус за тоа како натаму, вклучително и можното „потврдно гласање“ на јавноста, за што премиерката претходно им кажа на парламентарциет дека не го посакува, бидејќи на ливчето би се нашло прашањето за останување во ЕУ.

Премиерката Меј нудеше претходно дека владата ќе организира серија гласање за алтернативите на брегзитот, но поборниците на прифатениот амандман рекоа дека не веруваат оти владата ќе им даде на пратениците право на глас за целата низа опции на брегзитот. Триесетина Ториевци, од Конзервативната партија на Меј, гласаа против владата, вклучително и тројцата министри кои се повлекоа од должностите.

Пратениците во британскиот парламент гласаа и за предлогот да се побра уште едно продолжување на брегзитот доколку до 5-ти април не биде одобобрен договорот. Владата во ова гласање тесно победи со 314 „против“ наспроти 311 гласови „за“ во поткрепа на амандманот. Премиерката Меј претходно рече дека нејзиниот договор со ЕУ нема доволно поддршка за „како што стојат нештата“ да мине во Долниот дом, но дека таа се надева оти ќе увери доволен број пратеници да го поддржат, така што би можела во текот на оваа седмица да го стави на ново гласање.

Договорот за бегзитот што Меј го договори со Брисел ланскиот ноември по мачните преговори, веќе двапати со голема разлика во гласањето беше одбиен, па премиерката беше принудена да побара од ЕУ одложување на брегзитот. Таа оваа седмица планира усвојувње на законот со кој би се одложил датумот на излегувањето Британија на 29-ти март и би му се дала поткрепа на брегзитот на 12-ти април.

Челниците на 27 земји челникот на ЕУ договорија во четвртокот едногласен одговор на барањето на Меј за одложување на излегувањето од Унија, според кој брегзитот се одложува до 22-ри мај доколку договорот за раздружување биде потврден во парламентот во Лондон, а адоколку не биде потврден тогаш Британците до 12-ти април би требало да се изјаснат дали сакаат да одржа избори за Европскиот парламент или брегзит без договор.