Британскиот парламент нема да дебатира за договорот за брегзитот следната седмица

Британската влада не го поднесе предлог-законот за истапувањето на Обединетото Кралство од членството во Европската унија во дневниот ред на парламентот за следната седмица, според материјалиет кои во четвртокот на пратениците им ги испратил спикерот на долниот дом на Вестминстер, Џејкоб Рис-Мог.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31-ви октомври, доколку Унијата не го одложи датумот за брегзитот, како што се бара во непотпишаното писмо на кое беше присилен премиерот Борис Џонсон. Доколку Брисел не донесе одлука за одложување, Британија до следниот четврток Лондон треба да го ратификува документот за да се избегне хаотичното раздружување и катстраофалните последици од напуштењето на ЕУ без договор.

Известувајќи ги за седмичниот дневен ред, Мог исто така не го навел ниту прашањето за можниот предлог за предвремени парламентарни избори, на што повикуваше Џонсон доколку пратениците не ја поддржат неговата иницијатива за рагледување на договорот за брегзитот по брза постапка.

Откако во вторникот пратениците одбија да дискутираат и гласаат за договорот во тридневниот рок, беше прекината расправата. Челникот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин, ја повика владата да соработува со опозицијата за изработка прифатлив дневен ред за дебатата за договорот. Парламентарниот спикер тогаш не го внрои предлог-законот на дневниот ред во средата и четвртокот, велејќи дека парламентарците ќе се занимаваат со внатрешнополитичките прашања.

Според процедуралните правила во британскиот парламент, владата моќе во секо време да ја прилагоди агендата на Долниот дом, предлагајќи итна дискусија за некое прашање. Во моментов никој не се осудува да изнесува оцени за судбината на предлог-договорот и самиот брегзит. Лондон ја чека одлуката на Брисел да го одложи датумот за брегзитот, што според најавите најверојатно ќе биде на три месеца, до јануари 2020 година.