Британскиот парламент отвори пат за одложување на брегзитот

Британските пратеници го отфрлија во средата ноќта излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија без договор, со тоа отворајќи го патот за одложувањето на брегзитот и ја натераа премиерката Тереза Меј својот договор за раздружувањето со ЕУ и по третпат да го стави на гласање во парламентот, најдоцна до 20-ти март.

Меј предупреди дека доколку договорот и по третпат биде одбиен, тоа може да резултира со долго одложување на брегзитот, па дури и со британско учествување на изборите за Европскиот парламент во мај.

Британската премиерка говореше откако пратениците со 321 наспроти 278 гласови го отфрлија излегувањето од ЕУ без договор. Одлуката не се донесува само на предвиденото излегување на 29-ти март, туку кога и да се случи.

Тоа се случи ден откако пратениците вторпат со ред со убедливо мнозинство го отфрлија договорот за брегзитот, кој премиерката Меј го испреговата со Брисел. Хаотичните и бурни седници на парламентот оваа и претходната седмица ги покажуваат длабоките поделеби меѓу пратениците за тоа како Обединетото Кралство да се радружи од Европската унија.

Гласањето со коешто е отфрлен ткн „но дил брегзит“ засега е само симболично бидејќи Велика Британија и натаму е на патот на излегувањето на 29-ти март откако би требало да бидат усвоени нови закони за тоа да се спречи.

Пратениците во четврток треба да гласаат за тоа дали треба да се побара одложување на брегзитот до 30-ти јуни токму поради потребната нова легислатива. Меј им порача дека ЕУ ќе поддржи само кратко одложување, и тоа доколку пратениците се согласат со нејзиниот договор. „Без тоа, одложувањето би можело да биде подолго“, рече премиерката.

Можно е и Британците да мора да излезат и на изборите за Европскиот парламент, додаде Меј. „Тоа не би било исправно, но овој дом мора да се соочи со последиците од одлуките коишто ги носи“, рече.

Застојот во Лондон предизвика фрустрации и во Брисел, па европските функционери ги предупредуваат британските парламентарци дека нема да се согласат на одложување, доколку не слушнат што тие со тоа всушност сакаат да постигнат.

„Да ги пролонгираме преговорите. За да направиме што?“, запраша преговарачот на ЕУ, Мишел Барние во Европскиот парламент, на чиишто пратеници им се обрати пред гласањето во британскиот парламент. Има само два начина да се напушти ЕУ, со договор или без него, порача, пак, портпаролката на Европската комисија. „ЕУ е подготвена за двата“, додаде.

Одлуката на британската премиерка договорот за раздружување и по третпат да го стави на гласање веројатно ќе предизвика гнев меѓу многу пратеници, бидејќи тие од поодамна го сметаат за „мртов“. Гласањето мора да се одржи до 20-ти март, бидејќи ден подоцна започнува самитот на ЕУ. Доколку успее во третиот обид да го протурка договорот, Меј ќе побара кусо одложување, најмногу до 30-ти јуни, за да се овозможи договорот да биде потврден со новите закони. Во спротивно, предупредува британската премиерка“, брегзитот ќе мора дополнително да се пролонгира.