Британскиот парламент повторно одби предвремени избори

Британските пратеници во вторникот уште еднаш го одбија предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување предвремени парламентарни избори, пред суспендирањето на работата на парламентот до 14-ти октомври, две седмици пред предвидениот рок кога Обединетото Кралство треба да истапи од членството на Европската унија.

Со 293 гласа „за“ што е далеку од потребното двотретинско мнозинство од 650-те пратеници на долниот дом на британскиот парламент за распишување општи избори, претениците вторпат во пет дена ги одбија предлогот на премиерот Борис Џонсон кој сакаше да ги повика гласачите на избори на избирачките места на 15-ти октомври. Џонсон смета дека може да го поврати загубеното мнозинство во парламентот на неговата Конзервативна партија и да го спроведе своето ветување за брегзит на 31-октомври, со или без договор со ЕУ.

Премиерот пред гласањето истакна дека нема да бара „ново одложување“ на брегизитот предвиден за 31-ви октомври, и покрај законот кои во таа смисла го донесе парламентот и кој во понеделникот стапи на сила откако го одобри кралицата Елизабета Втора. Џонсон не кажа кои чекори ќе ги преземе натаму, дали ќе се обрати до судот, ќе поднесе оставка или ќе стори нешто трето.

„Доколку сакате одложување, тогаш гласајте за општи избори“, му порача Џонсон на челникот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, кој како што тврди премиерот, се плаши од изборен пораз. Корбин возврати дека сака избори, но не сака излегување излегување од ЕУ без договор, што според негова оцена би било „„еднакво на ктастрофа“.

Пред распишување на избори, опозицијата во Британија сака да биде сигурна дека е отстранета секоја можноста за брегзит без договор и дека тој ќе се одлоќи за три месеца, што парламентот го одлучи со гласање минатата седмица. Така излегувањето би се одложило до 20-ти јануари 2020 година, ден по инаугурацијата на новиот претседател на САД. Тој текст го обврзува британскиот премиер од ЕУ да бара одложување доколку до 19-ти октомври, веднаш по самитот на Советот на ЕУ, не се постигне договор за раздружувањето.

Борис Џонсон жестоко се спротиставува на новото одложување на брегзитот кој првични беше закажан за 29-ти март и веќе двапати беше одложуван, доколку не се постигна никаков договор. Во понеделникот повтори дека е подготвен по секоја цена да го спроведе брегзитот на 31-ви октомври, бидејќи во псротивно ќе се нанесе „трајна штета“ на довербата на Британците во демократијата, по референдумот од 23-ти јуни 2016 година кога со 52 отсто гласачите се изјаснија за напуштање на ЕУ.