Британскиот парламент прифати одржување предвремени избори на 12-ти декември

Пратениците во британскиот паралмент го прифатија во вторникот вечерта предлогот на премиерот Борис Џонсон на 12-ти декември во Обединетото Кралство да се одржат предвремени избори.

За одржување на паралментарните избори на 12-ти декември до Долниот дом на британскиот парламент гласаа 430 пратеници а 20 беа против. Одликата сега ќе биде проследена на разгледување во Горниот дом.

Претходно во вторникот вечерта пратеници го отфрлија предлогот на опозициските партии изборите да се одржат на 9-ти декември. Против поместувањето на датумот на изборите на 9-ти декември гласаа 315 пратеници, а 295 беа за.

Борис Џонсон по состанокот со пратениците од неговата Конзервативна партија одржан по гласањето за изборите, рече дека е време земјата да се обедини и да го спроведе напуштањето на Европската унија.

Конервативецот Џејкоб Рис-Мог, задолжен за односите на владата и парламентот во Долниот дом, најави дека парламентот ќе биде распуштен на 6-ти ноември.