Британскиот премиер хоспитализиран со силни симптоми на коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон е хоспитализиран вечерва, јавуваат британските медиуми.

Од Даунинг Стрит 10, соопштуваат дека откако пред 11 дена му е констатиран вирусот Ковид 19, тој симптомите ги развил во текот на денот и качил висока температура. Испратен е во болница, како мерка на претпазливост и по препорака на неговиот доктор, иако во изминативе денови постојано имал благи симптоми од болеста. Се очекува да му биде направен нов тест за вирусот, но не е познато дали тој ноќта ќе ја помине во болница.

Веста доаѓа еден ден откако и свршеницата на Џонсон, Кери Симондс, која е бремена, ги почувствувала симптомите на корона вирусот.