Британскиот премиер Џонсон и неговата девојка го чекаат првото дете

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата девојка Кери Симондс го очекуваат првото заеднички дете и најавија дека ќе се венчаат

Педесет и петгодишниот Џонсон и триесет и едногодишната Симонд би требало да станат родители летово.

Нивната најава на венчавка значи дека конзервативниот премиер, кој должноста ја презема во јули 2019 година и победи на изборите во декември, ќе стане во последниет 250 години првиот британски премиер кој склучува брак додека е на должноста, забележува британскито весник The Telegraph.

Весникот The Sun, повикувајќи се на извори од Даунинг стрит, пишува дека „Борис и Кери се заедно одушевени“, што ќе станат родители.

Освен Џонсон и неговите претходници добиваат деца додека беа на премиерската должност. Саманта, сопругата на поранешниот конзервативен премеир Дејвид Камерин ја роди ќерката Флоренс во 2010 година. Пред Камерон, татко во време на својот премиерски мандат стана и лабуристот Тони Блер во 2000 година, кога неговата сопруга Чери го роди синот Лео.

Медиумит на Островот пишуваат дека Џонсон, кој не сака многу да зборува за приватниот живот, е веќе татко на најмалку пет деца со две жени, неговата втора сопруга Марина Вилер, со која се ожени во 1993 година, и уметничкиот консултант Хелен Мекинтеир, со која имал вонбрачна афера. Отсекогаш одбивал да каже колку деца има вкупно.