Британскиот премиер Џонсон „клинички стабилен“

Британскиот премиер Борис Џонсон е „клинички стабилен“ на одделение за интензвина нега и реагира на третманот против компликациите кои го следат заразувањето со новиот тип коронавирус, пренесува во средата Reuters и дадава дека се поставуваат прашањата како поради неговото отсуство ќе се носат одлуки за здравствената криза.

Британскиот премиер Борис Џонсон беше позитивен на Covid-19 пред две седмици, а во неделата вечерта итно беше хоспитализиран во лондонската болница „Свети Тома“ откако и по десет дена кај него не се повлекуваа сиптомите на болеста, а наводно во понеделникот бил преместен на одделот за интензивна терапмуја, бидејќи му се влошила здравствената состојба. Педесет и петгодишниот Џонсон прима кислород, но не е ставен на респиратор, според неговиот кабинет.

Привремениот заменик на Џонсон, министерот за надворешни работи Доминик Рааб изјави дека премиерот е „борец“ и дека тој набрзо повторно ќе бида не чело на влдата во времето кога Велика Британија, како и целиот свет, се соочуваат со една од најголемите кризи во овој век.

Од Даунинг стрит објавија дека Џонсон не работи, но дека доколку има потреба, може да контактира со функционерите.

„Премиерот и натаму е клинички стабилно и реагира на медицинскиот третман. Во добро расположение е“, изјави за медиумите портпаролот на Џонсон.

И додека Џонсон се бори против коронавирусот во болница, Обединетото Кралство влегува во најсмртоносната фаза, според процените на стручњаците, и се поставува прашањето кога ќе бидат укинати мерките за изолација. Вкупно во земјата починаа 6.159 лица, а тестирани се 213.181 од 68 милиони Британци.

Во меѓувреме министрите диксутираат за тоа колку долго петтата според обемот економија во светот може да си дозволи парализа на својата економија и какви ќе бидат долгорочните последици. Џонсон некои од овластувањата ги пренесе на Рааб, а секоја голема одлука, како што е на пример укинување на рестриктивните мерки, треба да ги одобри целата влада. Министерот за финансии, Риши Сунак, 39-годишен поранешен вработен во банката „ Goldman Sachs“, ќе го менува Рааб доколку тој привремено биде оневозможен да одговори на должноста.

Британскиот устав, кој правните експерти го сметаат за гломазен зборник од стари и контрадикторни преседани, не нуди јасен ткн „план Б“ доколку премиерот биде неспособен или оневозможен да ја води земјата. Начелно, премиерот треба да носи одлуки, вклучително и во моментов оние за продолжување или укинување на мерките за изолација, а доколку се покаже дека не е во состојба, за тоа одлуката ја носи кабинетот.

Лондонскиот градоначланик Садик Кан, кој доаѓа од опозициските лабуристи, смета дека неговата земја не е во позиција сега да ги укинува мерките за изолација, бидејќи врвот на епидемијата во Британија се очекува за десетина деца. „Не сме ниту блиску до укинување на изолацијата“, рече Кан.

Рааб изјави дека министрите имаат „многу јасни насоки и многу јасни упатства“ од премиерот, но не е потполно јасно што ќе се случи кога треба да се носат клучни одлуки кои се вон договорената стратегија. Според поранешниот министер за надворешни работи, Малколм Рифкин, премиерот го има главниот збор и може да донесе превага како „ primus inter pares“ (прв меѓу еднаквите).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.