Британскиот регулатор ги забрани рекламите на три авиокомпании поради „зелена шминка“

Британскиот регулатор за стандарди за рекламирање (ASA) ги забрани рекламите на воздухопловните компании „Air France“, „Lufthansа“ и „Etihad“, со образложение дека тие им даваат на потрошувачите неточна слика за влијанието на нивните летови врз животната средина.

„Air France“, според рекламите на Google, е „посветена на заштита на животната средина“ и ги повикува граѓаните „да патуваат подобро и поодржливо“, наведува британскиот регулатор за стандарди за рекламирање, „Lufthansа“ сугерира дека нејзините клиенти ќе патуваат поодржливо“, а „Etihad“ вели дека нивната услуга „Се залага за заштита на животната средина“.

Регулаторот спроведе истрага за овие реклами, сомневајќи се дека тие даваат лажен впечаток за влијанието на авиокомпаниите врз животната средина.

Од „Air France“, не испратиле „суштински значаен одговор“ на истрагата, заклучија тие.

Од „Lufthansa“ појасниле дека тврдењето за „поодржливо“ летање се однесува на опцијата за „зелени билети“ на европските летови. Тие, исто така, додале дека со користење на одржливо гориво ги намалиле емисиите на јаглерод диоксид за 20 отсто, а останатите 80 отсто се „амортизираат“ со придонес во проекти за заштита на климата. Сепак, тие најавија дека ќе ја исфрлат фразата „лета поодржливо“ од идните реклами.

„Etihad“, операторот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ги отстрани сите референци за „застапување за животната средина“ од своите реклами на Google во Велика Британија веднаш по добивањето на известувањето за забрана на реклами.

Британскиот регулатор нагласи дека воздушниот сообраќај испушта големо количество јаглерод диоксид и други штетни гасови кои значително придонесуваат за климатските промени. Тие, исто така, заклучија дека моментално нема иницијативи или комерцијално одржливи технологии во секторот што навистина соодветно би ги поддржале апсолутистичките еколошки тврдења, како што е она на „Air France“ дека се „посветени на заштитата на животната средина“ и дека помагаат да се „патува подобро и поодржливо“.

„Бидејќи нема докази кои потврдуваат дека ‘Air France’ навистина ја штити животната средина и гарантира одржливо воздушно патување, заклучивме дека таквите тврдења на компанијата им пренесува на потрошувачите лажен впечаток за влијанието врз животната средина на патувањето со ‘Air France“, се наведува во извештајот на ASA.

Опцијата „Зелени картони“ на „Lufthansа“ би можела донекаде да го ублажи негативното влијание на нејзините летови врз животната средина, но оценивме дека основата за тврдењето „летај поодржливо“ не беше јасно наведена во огласот, образложи британскиот регулатор.