Британскиот синдикат најави штрајк во јавниот сектор на 1-ви февруари

Британскиот синдикат на работниците во јавните и комерцијалните услуги (PSC) соопшти во средата дека 100.000 негови членови во 124 државни установи ќе стапат во штрајк на 1-ви февруари поради спорот околу платите, пензии и безбедноста при работа.

Велија Британија се соочува со бран штрајкови во многу различни сектори, од здравствената нега, полицијата до железниците, бидејќи растот на платите не успева да го фати чекорот со инфлацијата којашто е на највисокото ниво во речиси половина век.

„Ја предупредивме владата дека спорот ќе ескалира доколку не нѐ послуша, а ние си стоиме на нашиот збор“, изјави за медиумите главниот секретар на PCS, Марк Серувотка.

Додаде дека во четвртокот ќе се состане со надлежниот министер и дека спорот би можело да биде надминат доколку биде постигнат договор за зголемување на платите.

Илјадници здравствени работници беа во штрајк во средата, додека во Шкотска беа затворени многу училишта поради штрајкот на училиштата.