Британскиот сој има малку поинакви симптоми

Симптомите на позаразниот ткн „британски“ сој на коронавирусот SARS-CoV-2 се малку поинкви од претходно доминантната варијанта, покажува студијата на англиското Национално статистички биро.

Губењето на мирисот и вкусот, кои беа главни карактеристики за основниот сој на коронавирусот, малку се поретки при заразувањето со варијантата означена како B.1.1.7.

Кашлицата, заморот, мијалгијата (болката во мускулите) и болките во грлото, се почести во британската варијанта. Нема разлика во зачестеноста на главоболката, недостигот од здив, проливот и повраќањата.

Во истражувањето се проучени мтеријалите и податоците за случајно избрани 6.000 лица кои биле позитивни на коронавирусот.

Мутациите, односно промените во генетскиот материјал на вирусот, се вообичаена појава. Со некои од нив вирусот самиот себеси си наштетува, но другите можат да му дадат предност, како што е во случајот на британската варијанта кој полесно се шрири.

Според досегашните истражувања, сојот B.1.1.7 е за 30 до 70 отсто позаразен од порано доминатниот сој на SARS-CoV-2. Засега не е утврдено дека B.1.1.7 е и посмртоносен.