Британскиот сој на коронавирусот откриен уште кај двајца пациенти, еден починат

Британскиот сој на коронавирусот е потврден уште кај двајца пациенти во Македонија, а пациентот кој очинал имал коморбидитет, додека ругиот пациент од 26-ти јануари се води како оздравен, соопштија во саботата вечерта од Министерството за здравство.

Како што објавија дел од медиумите, починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на КОВИД-19 добил на 4 јануари, а починал на 8-ми јануари 2021 година.

Досега кај тројца пациенти во земјава е детектиран британскиот сој на коронавирусот. Надлежните здравствени власти на 27-ми јануари 2021 година објавија за првиот пациент заразен со британскиот сој на коронавирусот во земјава, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, при анализа на примероци од јануари.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека вирусот SARS-CoV-2 предизвикува компликации најчесто кај пациенти кои имаат и други заболувања.

Досега не е докажано дека таканаречениот британски сој на вирусот има поголема смртност од досегашните мутации на вирусот, но стручњаците велат дека е позаразен од оругиналната варијанта на коронавирусот за 56 до 70 отсто. Покрај тоа, најновите истражување на светско ниво укажуваат и дека вакцините на четирите американски производители на вакцините против Covid-19 имаат помала ефикасност на заштитата во случаите на коронаинфекциите со британскиот и со јужноафриканскиот сој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.