Британските конзервативци победија во бастионот на лабуристите

Prime Minister Boris Johnson campaigning on Monday in the English port city of Hartlepool, a Labour Party bastion.Credit...Pool photo by Lindsey Parnaby

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон победи на изборите за член на парламентот во градот Хартпул повеќедецениски бастион на опозицискит лабуристи на северот на Англија, со што се засилува стисокот на Џонсот во регионите кои традиционално ја поддржуваат опозицијата.

Кандидатката на конзервативците, Џил Мортимер, ја победи лабуристичкиот противкандидат Пол Вилијамс со освоени 15.529 наспроти 8.589 гласови, што е двојно повеќе од кога и да е досега најголема разлика во освоените гласови во полза на победникот. Со тоа Мортимер го обезбеди она што пред помалку од десет години се сметаше за невозожен подвиг и победа над главната опозициска Лабирустичка партија во едно од нејзините централни упоришта во северна Англија.

Надмоќната победа, што на Џонсон му дава уште поголемо мнозинствот во парламентот, ќе го засили притисокот врз челникот на лабуритите Киер Стармер, кој се соочува со критиките за неисполнетите ветувања дека ќа ја заживее партијата по изборната катастрофа во 2019 година.

Со изборниот резултат во Хартпул продолжува трендот кој Џонсон го започна на општите избори во 2019 година кога директно удри во лабурстичките бастиони, таканаречените зони на Црвениот ѕид во северна и централна Англика, освојуваќи доминантно мнозинство во парламентот.

Лабуристите се обидоа да ги контролираат очекувањата во врска со гласањето, предупредувајќи дека изборите во четвртокот ќе бидат тешки во време на пандемијата на коронавирусот, која ја зајакна поддршката за конзервативната влада благодарејќи на брзото започнување и спроведување на програмата за вакцинирање. Меѓутоа, поразот е особено болен за Стармер, кој се трудеше да стане попривлечен за гласачкото тело, и покрај жестоките критики за конзервативната влада поради почетниот бавен одговор на кризата со Covid-19 и можните судири на интерси на нејзини членови.