Британските лабуристи ќе бараат гласање за недоверба на владата на Џонсон

Главната британска опозициска Лабуристичка партија подоцна во вторникот ќе поднесе барање за гласање за недоверба на конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон, а гласањето би требало да се одржи во среда, пренесуваат медиумите повикувајќи се на партиски извори.

Иницијативата за гласање недоверба значи дека пратениците од сите партии застапени во парламентот можат да гласаат за тоа дали владата, засега сѐ уште водена од Џонсон, ќе продолжи со работа. Лабуристите рекоа дека ќе го предложат гласањето, доколку конзервативците претходно не преземат мерки да го смени Џонсон.

Доколку владата ја загуби довербата на гласањето, тоа би можело да доведе до распишување национални избори. Сепак, според процените во британските медиуми, малку е веројатно е дека гласањето ќе биде успешно.

Имајќи предвид дека владејачката Конзервативна партија е зад Лабуристичката партија во анкетите и изборите за конзервативното водство се во тек, не се очекува дека пратениците од владејачката партија ќе го поддржат предлогот кој би можел да доведе до предвремени избори.

Премиерот Џонсон минатата седмица порача дека ќе отстапи од челната позиција на ториевците, околу повеќе од 50 високи владини функционери поднесоа оставки како протест против неговите политики, но ќе остане не премиерската позиција додека на почетокот од септември не биде избран неговиот наследник во партијата.