Британските либерални демократи формираа коалиција против брегзитот

Три мали британски партии, Либерално-демократската партија, Зелените и националситичката партија од Велс – Плајд Кимру (Plaid Cymru) формираа во четвртокотм, еден месец пред предвремените парламентарни избори на 12-ти декември, коалиција која ќе се залага Обединетото Кралство да остане во Еропската унија.

Трите партии се договорија дека ќе истакнат само по еден заедничк кандидат во 60 изборни окрузи, и тоа либералните демократи 43, зелените 10 и велшките националисти 7, а во три округа сѐ уште не постигнале договор.

„Оваа коалиција ќе придонесе за изборот на повеќе пратеници кои ги поддржуваат останувањето во Европската унија“, рече шефицата на либералните демократи Џо Свинсон, која истакнува дека со тоа сака да се стави „националниот интерес над“ интересите на сопствената партија. Притоа вети дека ќе го запре процесот на брегзит, доколку дојде на власт.

Конзервативниот британски премиер Борис Џонсон сака брегзитот да се спроведе што е поскоро можно како задоволување на волјата на гласачите изразена на референдумот во јуни 2016 година. Опозициските лабуристи на Џереми Корбин, пак, ветуваат дека со Брисел ќе договорат нов договор за раздружувањето и ќе го стават на референдум, нудејќи ја и опцијата останување во ЕУ.

Новата предизборна коалиција има цел да ги привлече гласовите на умерените проевропски конзервативци и од лабуристите разочарани од сопствената партија, односно челникот кој не сака лично да се изјасни во врска со брегзитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.