Повеќе британски медиуми ноќта во четвртокот го критикуваа Џо Бајден поради гафот кога погрешно ја изговорил кратенката RAF за британското кралско воено воздухопловство, откако американскиот претседател се обратил пред американските војници во базата Милденхол, сместена во англиската грофовија Сафолк, веднаш по неговото пристигнување во официјална посета на Велика Британија.
Зборувајќи за тоа дека по Втората светска војна е создаден „најсилниот воено-политички сојуз во светската историја“ меѓу САД и Велика Британија, 78-годишниот Бајден наместо традиционалната кратенка RAF го употребувал акронимот RFA.
Редица британски медиуми го критикуваа американскиот челник за оваа грешка. Така, весникот Daily Express, го нарече гафот „сериозен и срамен превид“. Притоа укажа на „непростливиот почеток“ на првото прекуокеанско патување на Бајден во својство на американски претедател, кој направил „груб превид додека им се обраќаше на војниците во базата Милденхол“.
Од своја страна весникот Daily Mail забележува дека пред овој „здодевен превид“, станарот на Белата куќа бил предупреден од првата дама Џил Бајден. „Џо, биди внимателен!“, му рекла таа на сопругот веднаш по почетокот на неговиот говор. Весникот потсетува дека американскиот челник „е познат по тоа што си дозволува грешки, се збунува или дури и покажува расеаност во текот на настапите или одговарањето на прашања“.
„Последниот превид може да предизвика загриженост во врска со конгитивните способности на Бајден, кој ќе го искористи самитот на Г7 во Корнвол за барањето решенија за важните прашања како што се пандемијата, климатските промени и заканата за меѓународната стабилнсота која ја претставуваат Кина и Русија“, наведува Daily Mail.
Притоа британските весници не појаснуваат поради што кратенката RFA е навредлива.
Бајден во средата отпатува на своето прво патување во странство како американски претседател. По средбата со британскиот премеир Борис Џонсон во четвртокот, во петокот ќе учествува на самитот на групата седум најразвиените земји Г7 во Велика Британија, а потоа во Брисел ќе учествува на самотот на НАТО, како и на самитот САД – Европска унија. Европската турнеја на Бајден ќе кулминира со самитот со рускиот претседател Владимир Путин во швајцарска Женева.