Целосното или делумно губење на чувството за мирис може да биде уште еден симптом за инфекција со новиот вид коронавирус, се наведува во материјалот што го објави Британското здружение на оториноларинголозите (ENT).
Сѐ повеќе и повеќе пациенти пријавуваат присуство на анозмија во отсуство на какви било други симптоми на инфекцијата со коронавирусот, за што нашироко се дискутира од лекари од различни региони со голем број заразени лица, се вели во написот на веб-страницата на ЕNT UK.
Луѓето кои се заразени со болеста Covid-19 може да престанат да го чувствуваат вкусот или мирисот на храната, заклучуваат експертите од ENT UK, истакнувајќи дека ова може да помогне при утврдување на присуството на коронавирусот кај пациентите кои се асимптоматски.
„Постојат убедувачки докази од Јужна Кореја, Кина и Италија за тоа дела значителен број од пациентите со докажана инфекција на Covid-19 развиле анозмија/хипозмија (губење на чувството за мирис)“, се вели во соопштението објавено во саботата на интернет страницата на здружението.
„Во Германија во просек кај повеќе од два од три потврдени случаи е утврдео дека имале аномија. Во Јужна Кореја, каде тестирањето беше најмасовнот (изведени се над 250.000 тестови на коронавирус што е најголем број во светот – з.р.), дури 30 отсто од пациентите со позитивни тестовти имале аносмија, како главен симптом при полесните форми на заболувањето“, се додава во студијата.
Стручњаците од ENT UK признаваат дека, генерално, губењето на мирисот се развива во 10 до 15 отсто од случаите со каква и да е инфекција со коронавирус или при зараза со повеќе од 200 познати вируси. Сепак, имајќи ја предвид пандемијата од новиот коронавирус којашто се разгорува во светот, тие препорачуваат овој фактор да се зема предвид за пациентите без други симптоми на Covid-19, а лицата кои почнале да имаат проблеми со чувството за мирис да се изолираат на седум дена.