Британските пратеници бараат воведување надомест за еднократните чаши за кафе

Британските пратеници ја повикаа во петокот владата да воведе надомест за еднократните чаши за кафе и да ја одредат 2023 година како рок за нивното рециклирање, а како алтернатива ја предлагаат забраната за нивна употреба.

Во Велика Британија годишно се користат околу 2,5 милијарди хартиени чаши чијашто внатрешност е обложена со пластика, а се рециклираат помалку една од нив на секои 400, предупредија пратениците во парламентарната комисија за ревизија во секторот за заштита на природната средина.

„Производителите и дистрибутерите на чаши за еднократна употреба не преземаа ништо за ситуацијата да се подобри, а истото може да се каже и за владата“, изјавила претседателката на парламентарната комисија Мери Грјг, барајќи „револуција во рециклирањето“.

Пратениците во извештајот прелагаат воведување надомест на еднократните чаши за кафе од 25 пени, или 0,28 евра, со објаснување дека на овој начин собраните пари може да се употребат за подобрување на погоните за рециклирање.

Инаку, чашите за кафе тешко се рециклираат поради водоотпорниот пластичен слој од внатрешната страна. Пратениците ги повикаа министрите во владата да ја одредат 2023 година како краен рок за рециклирање на сите вакви чаши. Доколку не се успее во тоа, треба да бидат забранети, сметаат.

Неколку водечки синџири коишто служат кафе во вакви чаши во Велика Британија, вклучително и најголемиот „Costa“, им нудат попусти на потрошувачите коишто користат сопствени чаши за повеќекратна употреба.

Од „Starbucks“ во петокот изјавија дека во кафетериите во Лондон ќе воведат надомест за еднократната чаша од 5 пени, имајќи предвид дека со понудениот попуст не го постигнале посакуваниот ефект. Во почетната фаза од 1998 година нудеа попуст од 10 пени по чаша кој во 2016 година се зголеми на 50 пени по чаша за повеќекратна употреба којашто нивните гости самите би ја донеле.

„Заклучивме дека тоа не го донесе посакуваниот резултат. Денес само 1,8 отсто од нашите гости користат чаши за повеќекратна употреба“, се наведува во соопштението на „Starbucks“. Поради тоа, започнувајќи од февруари ќе воведат надомест за чашите за еднократна употреба коишто ќе се наплаќаат во пробен период од три месеца.

„Ќе го истражуваме можното влијание на наплатата на надоместокот за чашите врз однесувањето на гостете, покрај другите мерки коишто заедно со целата индустрија ќе ја преземеме во врска со рециклирањето на чашите“, додаваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.