Британските здравствени власти апелираат граѓаните да се вакцинираат против сезонски грип

29

Британските власти ги повикаа граѓаните да се вакцинираат против сезонски грип со цел да се заштитат што е можно повеќе пред почетокот на зимата. Здравствените власти стравуваат дека околу 60.000 луѓе би можеле да умрат од респираторни заболувања оваа зима.

Националниот здравствен систем е загрижен бидејќи ова ќе биде прва зима во која коронавирусот и сезонскиот грип целосно ќе циркулираат заедно. Истражувањата покажуваат дека заразените со двата вируса имаат двојно поголема веројатност да умрат отколку само со Ковид-19. На повеќе од 40 милиони луѓе во Обединетото Кралство, од кои 35 милиони во Англија, им се понудени вакцини против сезонски грип, што е најголемата кампања од ваков вид во историјата на земјата. Грипот и другите зимски вируси предизвикуваат повеќе од 1.000 приеми во болница дневно во текот на зимските месеци, повеќе од бројот на хоспитализирани од Ковид-19 во моментов.

И оваа зима, респираторните болести се очекува да доведат до 60.000 смртни случаи, според Академијата на медицински колеџи. Во меѓувреме, владата најави уште поголемо олеснување на меѓународниот режим на патување, оставајќи само седум земји на „црвената листа“, што беше поздравено од туристичките компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.